Достапни линкови

logo-print

Чесите денеска и утре гласаат на предвремени парламентрани избори. Тие, според анкетите, можат да им донесат на комунистите зголемено политичко влијание, какво што го имаа за време на нивниот режим во поранешната Чехословачка.

Скандалите што доведоа до пад на централно десничарската владата на премиерот Петр Нечас во јуни годинава се уште се длабоко врежани во сеќавањата на чесите. Тоа и дава шанса на Комунистичката партија да ја зголеми политичката моќ која ја загуби уште во 1989 година.
Ќе одам да гласам со жена ми. Ќе гласаме за комунистите. Ни беше подобро во времето на комунизмот.

Многумина, како пензионерот Владимир Пекни и неговата сопруга, со носталгија се сеќаваат на тоа време и, како што велат, преку глава им е од корумпирани политичари.

„Ќе одам да гласам со жена ми. Ќе гласаме за комунистите. Ни беше подобро во времето на комунизмот.“

Анкетите покажуваат дека една третина од испитаниците рекле оти било подобро за време на комунистичкиот режим.

Тоа, како и очекуваниот низок одѕив на гласачите кои се разочарани од претходната влада, според експертите, може да им оди во прилог на комунистите.

Централно левичарската Социјалдемократска партија со 22 насто поддршка кај избирачите се очекува да добие најмногу гласови, но не и доволно да формира мнозинска влада.
Премиерот Петр Нечас беше многу непопуларен и повеќето луѓе кои порано беа антикомунисти почнаа да велат дека дури и влада со комунисти нема да биде толку лоша како оваа на Нечас.

Со тоа расте можноста тие да преговараат со комунистите кои, според анкетите, се на второ место со 17 проценти.

Лидерот на социјалдемократите Бохуслав Соботка ја исклучува таквата евентуалност со оглед на забраната на неговата партија да коалицира со екстремни партии на национално ниво.

Но, тој сега вели дека неговата партија е отворена да формира малцинска влада која би била поддржана од комунистичките пратеници во гласањето за клучни закони во парламентот.

Политичкиот аналитичар Јиржи Пехе е директор на Њујорк Универзитетот во Прага. Тој смета дека левицата ќе добие поддршка и заради своевидно протестно гласање.

„За жал, мислам дека пораката за политички антикомунизам е многу оштетена поради она што го стори претходната влада. Премиерот Петр Нечас беше многу непопуларен и повеќето луѓе кои порано беа антикомунисти почнаа да велат дека дури и влада со комунисти нема да биде толку лоша како оваа на Нечас.“

Пехе своевремено му беше помошник на претседателот Вацлав Хавел, лидер на Сомотската револуција со која во 1989 година беше соборен комунистичкиот режим.

Хавел пред неговата смрт во 2011 година предупреди дека кога луѓето инвестираат надежи во политичарите, тогаш неисполнетите надежи можат да прераснат во отпор.

Во меѓувреме, политичката десница е распарчена со шпионски и корупциски скандали.

„Има вистинска опасност, овие избори да продуцираат четири или пет помали централно десничарски движења и партии кои ќе немаат вистински програми. Тогаш ќе биде тешко да дојде до нивно здружување, дури и како ефикасна опозиција“, оценува Пехе.

Покрај Граѓанската демократска партија и ТОП09 кои главно ја формираа поранешната влада, во десниот политички спектар се уште и новоформираните АНО, односно „Да“, предводена од чешкиот милионер словакот Андреј Бабиш која, според анкетите, е на трето место и „Усвит“, и „Зора“ чиј лидер е чешкиот бизнисмен со јапонско потекло Томио Окамура.

Се уште е нејасно дали социјалдемократите и комунистите ќе можат заедно да освојат над 100 од 200-те места во Долниот дом на парламентот.

Сепак, анкетите покажуваат дека тие би можело заеднички да имаат над 80 пратеници што им дава голема шанса, со помош на помала трета партија или независни пратеници, да ја преземат контролата во парламентот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG