Достапни линкови

Заедничка средба на Нимиц со Јолевски и Василакис


Посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Њујорк, како што е најавено, треба да има заедничка средба со преговорачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Синоќа Нимиц имал одвоени средби, најпрвин со Василакис, а потоа и со Јолевски. Претходно, Мартин Несирки портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации изјави дека Бан Ки Мун изразил надеж оти разговорите ќе отворат пат за решавање на спорот, бидејќи тоа е во интерес на двете земји, но и на Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG