Достапни линкови

Кери предупреди против повторување на буџетскиот ќор-сокак


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди американските пратеници против повторување на буџетскиот ќор-сокак во Конгресот од последните недели и посочи на ризикот од намалување на светската доверба во американската моќ. Во своето обраќање во тинк-тенк организацијата Центар за американски напредок, Кери рече дека делумното затворање на федералните институции што беше прекинато минатата недела, во последен момент пред прогласување банкрот, влијаело на тоа светските лидери да калкулираат за тоа колку може да зависат од Вашингтон, вклучително и во преговорите за иранската нуклеарна програма. Американските пратеници одобрија буџет само за до 15 јануари, а Министерството за финансии може да ги плаќа сметките до 7 февруари наредната година.
XS
SM
MD
LG