Достапни линкови

logo-print

Предвремени парламентарни избори во Чешка


Граѓаните на Чешка денеска и утре гласаат на предвремени парламентарни избори, кои беа закажани откако десно-центристичката влада, непопуларна поради мерките за штедење, падна во јуни поради обвинувања за корупција. Анкетите покажуваат дека социјалдемократите предводени од поранешниот министер Бохуслав Соботка веројатно ќе освојат најмногу пратеници, но оти ќе им треба коалиционен партнер за да формираат влада. Социјалдемократите посочија дека би можеле да коалицираат со комунистите кои се очекува да завршат втори. Комунистите не учествуваа во ниедна влада од кадифената револуција во 1989 година, кога беа соборени од власт.
XS
SM
MD
LG