Достапни линкови

Путин на самит на ЗНД во Минск


Рускиот претседател Владимир Путин допатува во Минск каде што ќе биде одржан самитот на Заедницата на незацисни држави. Најнапред Путин ќе има средби со белорускиот претседател Александар Лукашенко и со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев во врска со нивната цариснка унија и плановите таа да прерасне во Евро-азијска економска унија. Предвидено е Путин да разговара и со претседателот на Украина Виктор Јанукович за намерата на Киев да воспостави поблиски врски со Европската Унија. Путин претходно најави дека Москва ќе превземе заштитни мерки доколку Украина потпише договор со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG