Достапни линкови

logo-print

Брашното нема да предизвика трговска војна меѓу Македонија и Србија


Домашните аналитичари коментираат дека веројатно станува збор за забуна и оти нема причина за нови тензии во односите меѓу Македонија и Србија.

По реакциите на мелничарите од Војводина дека тешко извезуваат брашно во Македонија, одговорија мелничарите од земјава. Според нив увозот тече вообичаени, а забелешките произлегле поради контролните маркички на брашното што Македонија ги воведе од 1 октомври. Со измените кои стапија овој месец секој кој работи со брашно има обврска пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна маркичка. Во врска со реакциите од мелничарите од Војводина домашните аналитичари коментираат дека веројатно станува збор за забуна и оти нема причина за нови тензии во односите меѓу Македонија и Србија.
Треба да извлечеме поука, тоа што летоска го направивме не беше исправно и не смееме да го правиме. Знаете што се случува? Ние последни три години што вршиме ограничуваме, секоја година се повеќе увезуваме пченица.

„Сигурно мелничарите дошле до забуна, сега на нив им е отежнато, сега треба тој што од Србија извезува брашно за Македонија треба да обезбеди маркици, тука има некои недоразбирања, нема фактички некоја оправдана причина да се воведе војна итн, веројатно ќе се разјасни ситуацијата“, вели професор Борис Анакиев.

Тој изјави дека прописите во сите земји налагаат секое пакување да биде означено со контролна маркичка. Српските медиуми пишуваа дека Здружението од Војводина упатило повик до владата на Србија итно да го забрани увозот на земјоделски производи од Македонија. Тие остануваат на ставот дека извозот на брашно од Србија во Македонија е оневозможен.

За Вељо Тантаров од Здружението на земјоделци нема ништо спорно во извозот и увозот меѓу Македонија и Србија во наредниот период. Во врска со воведените маркички тој рече дека тоа е барање на сите
Баравме да се воведат и кај нас тие маркици, да се направи еднаш засекогаш ред со производството на брашно.
земјоделци со цел да се постави ред во агро бизнисот.

„Баравме да се воведат и кај нас тие маркици, да се направи еднаш засекогаш ред со производството на брашно, дали е кај нас или надвор, да го видиме неговиот квалитет и да видиме кој и како работи со брашно во Македонија.“

Проблемот во трговските односи меѓу Македонија и Србија беше актуелен летово кога српското министерство за земјоделство побара од Македонија да преземе мерки за отстранување на проблемот со извоз на брашно од Србија.

Анакиев коментира дека тогаш во последен момент беше избегната поголема тензија меѓу соседите, а Србија отстапи од воведувањето забрана за увоз на македонски производи.

„Треба да извлечеме поука, тоа што летоска го направивме не беше исправно и не смееме да го правиме. Знаете што се случува? Ние последни три години што вршиме ограничуваме, секоја година се повеќе увезуваме пченица. “

Одредбата за ограничен увоз на пченица и брашно од македонска страна беше укината во септември.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG