Достапни линкови

logo-print

САД против турско - кинеската воена соработка


Соединетите Држави се во контакт со Турција во врска со одлуката на Анкара за заедничко производство на проектили од долг дострел и одбрамбен систем со Кина. Американскиот амбасадор во Турција Френсис Ричардионе изјави дека договорот е комерцијален, но САД се загрижени што тоа би значело за сојузничката воздушна одбрана. Турција е членка на НАТО, а кинеската компанија со која има намера да соработува беше под американски санкции поради продажбата на оружје и технологија на Иран и на Пакистан.
XS
SM
MD
LG