Достапни линкови

Од Нимиц нешто ново?


Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски.

Нема преголеми очекувања од средбите со Нимиц во Њујорк, но универзитетскиот професор Димитар Мирчев вели дека од средбите очекува намалување на разликите меѓу двете земји, но и можен нов предлог на посредникот Нимиц.

Домашната јавност нема преголеми очекувања од дводневните средби на преговарачите Љупчо Јолевски и Адамантиос Василакис со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк. Универзитетскиот професор Димитар Мирчев вели дека од средбите очекува намалување на разликите меѓу двете земји, но и можен нов предлог на посредникот Нимиц.
Претпоставува дека и Господинот Нимиц ќе предложи некои решенија кои би воделе до смалување на разликите, не верувам дека во една рунда средби може да се реши прашањето.

„Претпоставува дека и Господинот Нимиц ќе предложи некои решенија кои би воделе до смалување на разликите, не верувам дека во една рунда средби може да се реши прашањето, меѓутоа може да се дојде до некои пофлексибилни решенија што би ги предложил Господин Нимиц.“

Впечатокот во јавноста дека разговорите „стојат во место“ и дека процесот во Обединетите нации не е мртов, го дели и универзитетскиот професор Премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе

Беким Кадриу. Сепак се надева дека дводневните средби ќе резултираат со нешто ново, иако како што посочува добро се познати тврдите позиции на двете страни.

„Ставот на Грција вели ерга омнес, за нас е неприфатлив, исто така е цврст став, тоа што го викаме црвени линии, ако ги имате во предвид позиции на двете држави вие немате некоја шанса дека нешто ќе се смени.“
Ако ги имате во предвид позиции на двете држави вие немате некоја шанса дека нешто ќе се смени.

На прашањето дали вклучувањето на Европската Унија директно во преговарачкиот процес може да предизвика поголем ефект и можно решение на спорот, професорот Мирчев вели дека примерот со Србија и Косово не може да се примени и во македонско-грчкиот дијалог, оти во првиот случај разговорите не се водат преку Обединетите Нации и таму Унијата има директна и многу активна улога.

„Некое посредување и на Унијата, би можело да помогне, би можело да има ефект врз разговорите во ОН, не директно.“

Кадриу не очекува дека Унијата активно и директно ќе го замени процесот воден под покровителство на Обединетите Нации и дека ако тоа се случи Унијата би требало да врши директен притисок врз Грција, а не врз Македонија.

„Прашањето е дали сакаат да притискаат врз Грција и зошто би притискале врз неа, ако подеднакво виновна за целата ова ситуација е Македонија.“

По септемвриската средба во Њујорк, каде во Обединетите нации македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со грчкиот колега Евангелос Венизелос, Попоски изјави дека нема напредок и дека меѓу ставовите на двете земји има планини. Деновиве пак од кабинетот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов информираа дека државниот врв одржува континуирани координации, има јасни позиции со кои амбасадорот Јолевски настапува. Претседателот Иванов очекува Грција да покаже конечно конструктивност и да се придржува до рамката во која се води процесот, услови без кои не може да се дојде до заемно прифатливо решение, соопштија од кабинетот на македонскиот претседател.

На средбата во април, амбасадорот Нимиц даде предлог кој потоа, го претстави и при посетата на Скопје и Атина. Медијаторот тогаш соопшти дека Грција останува на барањето - сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG