Достапни линкови

За протестот на новинарите кавга и во Парламентот


Собранието на Република Македонија петнаесетина минути по почетокот ја прекина 74. седницата на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски.
Пратениците од опозициската партија бараат од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски веднаш да закаже седница на Постојаната анкетна комисија за човекови права на која би се расправало за настаните околу вчерашниот протест на новинарите.
- Да се разговара за партиско-полициските методи против новинарите, опозиционерите и сите оние коишто не мислат како вас, рече Ивановски.
Вељаноски повикувајќи се на Деловникот појасни дека за закажување на седница на Постојаната анкетна комисија е надлежен претседателот на комисија, а тоа е Беким Фазлиу.
Ивановски реплицира дека од Вељановски бараат да свика седница на Постојната анкетна комисија за да се провери кој во МВР даде налог за да се спречи протестот на новинарите.
XS
SM
MD
LG