Достапни линкови

Не е само новинарството на крстосница


Кој правец ќе го фати македонската демократија по вчерашниот судир на отворено на улица меѓу власта и новинарите. Дали ова ќе го засили движењето за медиумски слободи клучни за една демократска земја.

Судирот меѓу полицијата и новинарите е само врв на проблемот, надворешна манифестација на едно внатрешно пореметување на системот. Главниот проблем може да се види во пресудата на судот во случајот Кежаровски, а уште повеќе во соопштението од судот во кое се манифестира партискиот диктат, вели професор Мирјана Најчевска. Според неа клучната точка веќе одамна е надмината, Македонија веќе длабоко е навлезена во недемократско однесување и владеење на неправото, вели професор Мирјана Најчевска.
Дали се уште ќе мислат дека сме ние деловно способни, полнолетни за сами да можеме да ги решиме проблемите или пак ни е потребо старателство.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„Навистина не можам веќе во постапките, во законските решенија, во начинот на делување на оваа власт да ги видам ни елементарните моменти од стандардите на Советот на Европа, а да не зборуваме за Европската унија“, вели професор Најчевска.

Аналитичарот Сашо Клековски вели дека вчерашниот протест на кој беа собрани различни идеолошки медиумски и
граѓански структури, може да поттикне протест и отпор против вакви практики, наместо да ги замолчи луѓето. Тој вели дека и други земји поминувале ни слични обиди преку обвинителството да се врши притисок на јавноста, но сега е моментот општеството да помине низ еден процес каде што правдата мора да биде задоволена.
Дали некој ќе биде заплашен, не зависи само од власта што прави, зависи и од самиот народ, јас мислам дека во Македонија има доволно луѓе кои не можат да бидат заплаени.
Сашо Клековски, аналитичар.

„Новинарите во другите земји, во западните земји, пред многу, многу децении се избориле за правата кои ги имаат сега, за слободата на печатот која ја уживаат сега низ воспоставување на судска пракса, затоа за мене е важно да се направи јавен притисок врз правосудството дека ова не се само обични постапки, туку дека целата јавност гледа дали ќе се постапи професионално, непристрасно од страна на судовите.“

Клековски вели дека и од народот зависи дали ќе дозволи да биде замолчен.

„Дали некој ќе биде заплашен, не зависи само од власта што прави, зависи и од самиот народ, јас мислам дека во Македонија има доволно луѓе кои не можат да бидат заплашени.“

Професор Најчевска вели дека на меѓународниот фактор му е сосема јасно што се случува овде, но досега се обидувале да и прогледаат на земјава низ прсти, се надевале дека има внатрешни сили способни сами да се изборат со она што се случува.

„Сега е прашање дали ќе дојде до пресвртница токму тука во односот на меѓународната зедница, односно дали се уште ќе мислат дека сме ние деловно способни, полнолетни за сами да можеме да ги решиме проблемите или пак ни е потребо старателство, под чии што надзор ќе се обидеме да ги развиваме елементарните моменти на демократијата.“

Ние од „Репортери без граници“ бараме од нашите политичари и Европската унија да посветат повеќе внимание на прашањата за медиумската слобода и мислење во Македонија, ни изјави Улрике Груска, од оваа организација во интервју за нашето радио. Но според неа на крајот се се сведува на храброста и ентузијазмот на секој новинар поединечно дали ќе се избори со притисокот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG