Достапни линкови

Русија демантира дека регрутира американци за шпионажа


Јури Зајцев, шеф на руската програма за културна размена ги отфрли обвинувањата дека се обидувал да регрутира американски граѓани да шпионираат за Русија. Тој оцени дека таквите обвинувања личат како ехо од времето на Студената војна. Еден американски магазин објави дека Еф Би Ај врши истрага во врска со активностите на Зајцев и неговата организација Росотрудничество. Од 2001-ва година, преку таа програма, во Русија биле испратени 130 млади американци, при што имале средби со високи претставници на владејачката партија Единствена Русија, вклучувајки ги и градоначалникот на Москва и гувернерот на Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG