Достапни линкови

Нови обвинувања за активистите на Гринпис, уапсени во Русија


Руските власти соопштија дека активистите на Гринпис, инволвирани во протестот против експлоатацијата на нафта во Арктикот, ќе се соочат со нови обвинувања. Претставник на рускиот истражен комитет денеска соопшти дека не е исклучено некои од уапсените 28-мина активисти и двајца новинари да бидат обвинети и за насилства против службени лица. Вчера пак беше соопштено дека обвинението за пиратство против активистите на Гринпис би можело да биде заменето со обвинение за хулиганизам, за кое е предвидена помала затворска казна. Руската крајбрежна стража ги уапси активистите на Гринпис во септември кога протестираа кај платформата на Газпром во Арктикот.
XS
SM
MD
LG