Достапни линкови

Нова рунда разговори за името во Њујорк


Во Њујорк денеска почнува дводневната рунда разговори за спорот за името, свикана од амбасадорот Метју Нимиц. Предвидено е денеска да се оддржат одделни средби на Нимиц со претставниците на двете земји, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. За утре наутро е предвидена заедничка средба. Неодамна од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов соопштија дека државниот врв одржува континуирани координации и има јасни позиции со кои амбасадорот Јолевски настапува и оти претседателот Иванов очекува Грција да покаже конечно конструктивност и да се придржува до рамката во која се води процесот. По последната средба во септември Нимиц за првпат јавно ги кажа позициите на Грција соопштувајќи дека таа останува на барањето сложено име со географска одредница за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG