Достапни линкови

Обемна агенда на претседателот Путин во Минск


Рускиот претседател Владимир Путин за денеска има закажано неколку средби на маргините на самитот на Евроазискиот економски совет во Минск. Според извештаите, Путин ќе се сретне со белорускиот претседател Александар Лукашенко за да разговара за спорот околу компанијата „Уралкај“. Нејзиниот генерален директор Владислав Баумгертнер е држен во Минск од август годинава поради обвинение за злоупотреба на службените должности. Путин, исто така ќе се сретне и со украинскиот претседател Виктор Јанукович, а главна тема на агендата ќе биде интеграција на Украина во Европската унија. Киев би можел да потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ во ноември, но наместо тоа Москва ја турка Украина да се приклучи во евроазискита Царинска унија.
Претходно овој месец Путин изјави дека Москва ќе треба да преземе "мерки за заштита", доколку Украина потпише договор со ЕУ.
XS
SM
MD
LG