Достапни линкови

Човековите права во Иран-сериозен проблем


Специјалниот известувач на ОН за човековите права во Иран, Ахмед Шахид соопшти дека земјата не покажува "знаци на подобрување" на човековите права и "оти тоа станува сериозен проблем." Во извештајот објавен вчера, специјалениот известувач Шахид изјави дека Иран спровел 724 егзекуции во периодот помеѓу јануари 2012 и јуни 2013 година, вклучувајќи 202 во првата половина на оваа година. Шахид изјави дека најмалку 40 новинари и 29 интернет корисници се уапсени во Иран оваа година, а земјата затвори 67 интернет кафулиња и блокира околу 5 милиони веб-сајтови во јули 2013 година. Шахид изјави дека ги поздравува изјавите дадени од страна на претседателот Хасан Рохани по неговиот избор во јуни, но додаде дека не мисли дека тој имал време значително да го промени она што се случува во Иран многу години.
XS
SM
MD
LG