Достапни линкови

Обама: Тероризмот e заеднички предизвик на САД и Пакистан


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека борбата против тероризмот е заеднички предизвик со кој се соочуваат САД и Пакистан. Ова следува по состанокот со пакистанскиот премиер Наваз Шариф кој е во посета на САД. Шариф изјави дека побарал од Обама да стави крај на ракетните напади врз територијата на Пакистан, прашање што ги поттикна тензиите меѓу двете земји. Обама не ги спомена беспилотните летала во неговите коментари по состанокот, но рече дека билатералните односи се базираат на "принципите на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет". Обама истакна дека повеќе од 40.000 Пакистанци загинале во насилствата од страна на терористите во последната деценија. Двајцата лидери, исто така, разговарале околу начините за подобрување на односите Пакистан со Индија и развивање на конструктивен пристап кон спорниот регион Кашмир.
XS
SM
MD
LG