Достапни линкови

Хосеини: Иран го сопре збогатувањето ураниум


Ирански парламентарец изјави дека Иран го сопрел збогатувањето на ураниум на ниво од 20 отсто и има произведено доволно за да работи експерименталниот нуклеарен реактор во Техеран. Во коментарите што се објавени на интернет страницата на иранскиот парламент, законодавецот Хосеин Хосеини, заменик-претседател за национална безбедност на парламентот и Комисијата за надворешна политика, тој вели дека "нема потреба за повеќе производство".
Инаку реакторот во Техеран е наменет за производство на медицински изотопи, меѓутоа, САД и други земји веруваат дека програмата за збогатување е наменета за производство на нуклеарно оружје. Хосеини, исто така, вели дека Техеран е подготвен да ги претвори сите 20 проценти збогатен ураниум во цевки за гориво за реакторот, што како што посочува "ќе ја отстрани загриженоста околу неговата немирољубива употреба." За време на неодамнешната рунда на меѓународни разговори во Женева, Техеран наводно ветил дека ќе го запре збогатувањето ураниум
XS
SM
MD
LG