Достапни линкови

Музејот со соопштение против протестот на новинарите


Музејот на македонската борба за државност и самостојност остро реагира на денешниот протест кој се одржа пред институцијата од страна на новинарите.
- Ве молиме вашите протести да не ги одржувате пред музејските институции, како што тоа денеска го направивте пред Музејот на македонската борба. Не не користете за дневно-политички цели, држете ги вашите собири пред партиите и другите соодветни институции. Го разбираме правото на слободен протест и слободна мисла секаде и секогаш, но не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно-политичка позадина, се вели во соопштението од Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Во соопштението се подвлекува дека денес е голем ден за Република Македнија, ја одбележуваме нејзината долгогодишна борба за државност и самостојност. - Не го сквернавете овој голем празник и дозволете музеолошката дејност да функционира онака како што треба, стои во соопштението од Н.У. Музеј на македонската борба за државност и самостојност.
XS
SM
MD
LG