Достапни линкови

logo-print

Запрено државното финансирање на Златна зора


Грчкиот Парламент синоќа ги усвои измените на Законот за финансирање политичките партии, со кои се овозможува запирање на државното субвенционирање на екстремно десничарската партија Златна зора, кој властите ја оквалификуваа како „неонацистичка криминална организација“.
Со измените се предвидува прекин на државното финансирање на некоја политичка партија, доколку нејзините лидери или најмалку една десетина од нејзините пратеници бидат обвинети за членување во „криминална организација“ или за „терористички активности“.
Шестмина на пратеници на Златна зора, вклучително и највисоките партиски лидери, веќе се обвинети за криминално здружување и криминални активности.
XS
SM
MD
LG