Достапни линкови

logo-print

Иванов: Кина е еден од најблиските партнери на Македонија


Претседателот Ѓорге Иванов на Форумот за меѓународна соработка на Западна Кина, во Ченгду, во провинцијата Сичуан порача дека македонската економија е отворена кон Кина и кон светот и оти нуди одлични можности за инвестирање и бизнис.

Кина, според Иванов, е еден од најблиски партнери на Македонија и една од 20-те земји со кои остваруваме најголем обем на трговска размена.

На Форумот во Ченгду учествуваат повеќе странски државни претставници, меѓу и петмина шефови на држави, од речиси сите континенти. Од Европа годинава е избрана Македонија.
XS
SM
MD
LG