Достапни линкови

Новинарски протест за слобода на Кежаровски


Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска организира протест пред Музејот на Македонската револуционерна борба со цел го изрази незадоволството од пресудата за новинарот на „Нова Македонија“.

Здруженијата на новинарите, организирани во овој одбор, ги повикуваат новинарите и граѓаните да излезат во одбрана на слободата на говорот и слободата на медиумите, и облечени во црно да протестираат со молчење.

Како што е познато , новинарот Кежаровски завчера е осуден на 4,5 години затвор за напишан текст во 2008 во кој, според судот, открил идентитет на заштитен сведок. .
XS
SM
MD
LG