Достапни линкови

Предвремени избори - бегство од реалноста


Илустрација.

Илустрација.

Власта подготвува терен за предвремени избори, а за опозицијата е важно да се создадат услови за нивно одржување.

Вообичаено за оваа влада е што пред истекот на мандатот подготвува терен за предвремени избори, оценуваат дел од експертите. Според Стојан Андов тоа овојпат е јасно по изјавите со кои, како што вели, постојно се врши притисок врз СДСМ да се изјасни дали сака или не избори. Досега оправданието на оваа влада зошто не го довршила мандатот беше дека опозицијата бара предвремени избори, вели Андов. Тој смета дека сега има друга ситуација.
Тоа покажува дека тој пак сака да избега од некои предизвици, ветува дека му е потребен нов мандат итн, дека се што не решил до сега ќе реши.

„Сега гледам настојуваат по секоја цена ако може да го присили Заев или некој орган на СДСМ, затоа ги набедуваат дека се плашат од избори, да посaкаат и тие или да кажат дека и тие сакаат предвремени избори.“

Прашање е од кои причини владата не чека довршување на мандатот туку во погодна прилика го прекинува и се бори за нови четири години. Стојан Андов смета дека целта е дефокусирање на јавноста од некои предизвици на надворешен и внатрешен план.

„Тоа покажува дека тој пак сака да избега од некои предизвици, ветува дека му е потребен нов мандат итн, дека се што не решил до сега ќе реши.“

Доколку граѓаните сметаат дека тоа е политика која е добитна или доколку сметаат дека тоа е политика која може да донесе успех на долг рок, апсолутно е легитимно право на секоја владејачка партија да организира предвремени избори.
Професор Тања Каракамишева Јовановска, оценува дека изборите се најсоодветниот начин да се види која политика е правилна, дали на опозицијата или на власта и дека за тоа треба да се изјаснат граѓаните. Секоја партија има легитимно право да се спрема за предвремени избори бидејќи фактот дека одредена партија има раст во рејтингот и дава право да иницира и да се подготвува, вели Каракамишева. Оттука според неа очекувано е наредната година да се организираат предвремени избори.

„Доколку граѓаните сметаат дека тоа е политика која е добитна или доколку сметаат дека тоа е политика која може да донесе успех на долг рок, апсолутно е легитимно право на секоја владејачка партија да организира предвремени избори, значи ние не сме тие што можеме да кажеме дали ова е согласност со некои демократски правила, дали е одложување на решавање на одредени прашања итн, бидејќи граѓаните се тие кои ја даваат довербата.“

Меѓутоа дел од експертите велат дека за да има избори и двете страни треба да имаат желба. За опозицијата важно е да се создадат услови за одржување избори. Еден од тие услови е ревидирање на избирачкиот список и носење на изборниот законик. Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Слободна Европа неодамна нагласи дека се додека постои страв кај луѓето, како што имаше и во претходните изборни циклуси, не е во ред да се одржуваат избори.

„До денот на изборите луѓето се тресат како лист од страв, не знаат дали ќе им дојде инспекција, некоја кривична пријава, извршно решение, дали ќе бидат притворени ли не, тоа не здраво општество. Преку изборната регулатива ќе ги отстраниме сите овие можности на репресија врз гласачите или граѓаните од страна на оние кои треба да бидат сервис на граѓаните, а тоа е владејачката политичка партија којашто ја бирале досега. Ред е во секоја демократска земја, пред избори, изборниот законик го носат власта и опозицијата со консензус, излегуваат во таков случај и Груевски и Заев, соопштуваат дека сега имаме фер регулатива и одиме на избори. Кога ќе го постигнеме тоа, ние сме подготвени за избори.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG