Достапни линкови

СДСМ набројува договори за Стар Театар - ВМРО ДПМНЕ се заканува со тужба


ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на која портпаролот на СДСМ Петре Шилегов ја повика министерката за култура Канчевска – Милевска да го објави основниот договор за објектот „Стар театар“ посочува дека за Стариот театар, како и за сите други нови објекти се водеше транспарентна и законска постапка. СДСМ неосновано клевети, а за тоа нивниот портпарол Петре Шилегов ќе одговара пред надлежните судски органи. Свесни сме, се додава, дека за СДСМ се што се гради е неприфатливо затоа што додека тие биле на власт нема изградено ништо ,се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов пак денеска изјави дека СДСМ јавно ќе ги објави сите дополнителни 40 договори за објектот „Стар театар“ вредни, како што наведе, над 33 милиони евра
.
Тој праша: Дали е лага договорот, за дополнителни работи за објект „Стар театар“ за изведба на хидротехнички инсталации склучен на 18.06.2013 година во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 46.212 евра? Дали е лага договорот за изведување дополнителни и непредвидени работи склучен на 20.12.2012 година, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 225.449 евра? Дали е лага договорот за дополнителни и непредвидени работи за објект „Стар театар“, склучен на 03.11.2011, во постапка со преговарање, без оглас, без меѓународна објава и без електронска аукција, вреден 348.649 евра?. Шилегов, посочувајќи и на другите, според него, седум договори склучени во постапка со преговарање, без оглас, вредни два милиони евра.
XS
SM
MD
LG