Достапни линкови

Венизелос - се надевам дека Груевски направил лапсус


Изјавата дека Грција треба да се нарекува „поранешна Отоманска Провинција“ е еден вид навреда и потсмевање и нема да помогне во процесот на преговорите за името. Ова денеска во Атина го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос изразувајки надеж дека тоа бил јазичен лапсус, а не политичка изјава. Тој ги повтори грчките позиции за име со географска одредница која ќе стои пред терминот Македонија, а не пред државното уредување и оти официјална Атина не отстапува од име за севкупна употреба.
XS
SM
MD
LG