Достапни линкови

Тимошенко се согласува со делумна амнестија


Адвокатот на Јулија Тимошенко, затворената бивша премиерка на Украина, изјави дека се согласила со делумна амнестија од страна на Претседателот Виктор Јануковиќ.
Арсениј Јатснијук ова го изјави по средбата со минситерите за надворешни работи на Шведска и Полска, Карл Билд и Радек Сикорски.
Минатата недела двајца пратеници на ЕУ испратија писмо до претседателот на Украин барајки делумна амнестија за Јулија Тимошенко која е осудена на 7 години затвор поради наводна злоупотреба, што според неа е политички мотивирано.
Тоа е услов за Украина да добие договор за Слободна Трговија со ЕУ на самитот во Вилнус во декември.
XS
SM
MD
LG