Достапни линкови

УНДП: Најмалку 16 % избирачи на северот на Косово ќе гласаат


Според истражувањето кое на северот на Косово го спроведе УНДП, Програмата за развој на ОН, околу 16 насто од граѓаните изјавиле дека сигурно ќе гласаат на претстојните локални избори на Косово, додека 44 отсто од избирачите се изјасниле дека ќе ги бојкотираат изборите на 3 ноември.
Резултатите од истражувањето, кое е спроведено во четири општини во кои најмногу живеат косовските Срби во почетокот на октомври, според УНДП, се охрабрувачки имајќи ја предвид политичката чувствителност и фактот дека изборите северно од реката Ибар се организираат по првпат под покровителство на Комисијата за избори на Косово.
XS
SM
MD
LG