Достапни линкови

Нобеловката Ебади бара подобар третман за бегалците


Нобеловката за мир Ширин Ебади во Варшава

Нобеловката за мир Ширин Ебади во Варшава

Нобеловката за мир Ширин Ебади го повика Западот да го подобри третманот за луѓето кои бегаат од конфликтните региони. Говорејќи на Форумот на добитниците на Нобеловата награда за мир во Варшава таа изјави дека тие бегаат од сиромаштија и депотизам. Таа ги повика европските влади повеќе да им помагаат на бегалците за да се повторуваат трагедиите како неодманешните на Медитеранот. Ебади изјави дека Швајцарија треба на либискиот народ да му ги даде големите депозити на поранешниот либиски диктатор Моамер ел Гадафи. Домаќин на Форумот во Варшава е поранешниот полски претседател Лех Валенса кој е исто така добитник на Нобеловата награда за мир.
XS
SM
MD
LG