Достапни линкови

Доволен 2 за медиумскиот простор


Прес-конференција на која беа презентирани резултатите од Балкански медиумски барометар.

Прес-конференција на која беа презентирани резултатите од Балкански медиумски барометар.

Со оценка од 2,2 на скалата од 1 до 5 е оценет медиумскиот простор во земјата според балканскиот медиумски барометар.

Со оценка од 2, 2 на скалата од 1 до 5 е оценет медиумскиот простор во земјата според балканскиот медиумски барометар организиран од Фондацијата Фридрих Еберт. Истражувањето е спроведено во април годинава во соработка со невладината Јавност. Оттаму велат дека ако се додадат работите кои уследија потоа на медиумска сцена, веројатно резултатите ќе беа уште полоши.
Томислав Кежаровски беше притворен некаде кон крај на мај месец, претпоставувам да ја имавме и таа информација тогаш, оцената ќе беше уште пониска.

„Од денешен аспект се чини дека состојбите во април беа многу подобри отколку што се денес. Томислав Кежаровски беше притворен некаде кон крај на мај месец, претпоставувам да ја имавме и таа информација тогаш, оцената ќе беше уште пониска“, вели новинарот Ѕвездан Георгиевски, учесник во проектот.

Тој додава дека идејата на проектот е по 2-3 години истиот тим на истите теми да направи повторно евалуација на медиумите.

„Не сум голем оптимист, не мислам дека состојбата по 2-3 години ќе биде подобра, дури едно време навивав да се стават повисоки оцени сега за да може да ги намалуваме после 2-3 години.“
Со вчерашниот ден ние немаме некој посебен повод веќе да отвораме дијалог со власта и постојано да играме по тој систем топло-ладно.

Единаесет експерти од различни профили оценувале листа од 44 показатели поделени во четири сектори. Ако земјата не го исполнува показателот тогаш оценката е ниска, а ако ги исполнува сите аспекти е висока. Од четирите оценувани сектори највисока оценка од 2,8 добил секторот на законска регулатива во оваа област. Другите три сектори-за дијапазонот на темите и медиумите, за регулативата кај радиодифузерите и за спроведувањето на професионалните стандарди, добиле оценка околу 2.

Ваквите истражувања се карактеристични главно за земји со огромен дефицит во слободата на медиумите и досега беа својствени за африканските земји, но истражувањето се прошири и во Југоисточна Европа, вели новинарот Љубомир Костовски,
Правото на слобода на изразување на граѓаните и новинарите без страв овде е оценето со 1, 6 од можни 5, не верувам веќе дека и оваа бројка која е ниска, ќе може да ја има.
учесник во проектот. Тогаш мислевме дека сме го достигнале дното, но работите од тогаш не демантираат, вели Костовски.

„Со вчерашниот ден ние немаме некој посебен повод веќе да отвораме дијалог со власта и постојано да играме по тој систем топло-ладно. Мене ми се чини дека тоа е притисок од надвор и постојано апелирам тој притисок да престане, едноставно затоа што треба да се согледа позицијата на новинарите, се притискаат да влезат во дијалог со кого?!“

Пратеникот Ивон Величковски, предлагач на законот за декриминализација на навредата, вели дека резултатите од истражувањето по пресудата за новинарот Кежаровски, може да се рече дека се до некоја мера и депласирани.

„Слободата на изразување, согласно Уставот, по донесување на законот за медиуми и по вчерашната пресуда не верувам дека веќе може да ја оцениме со повеќе од 2, иако во моментот е оценета со 4. Правото на слобода на изразување на граѓаните и новинарите без страв овде е оценето со 1, 6 од можни 5, не верувам веќе дека и оваа бројка која е ниска, ќе може да ја има. Нема закон со кој се ограничува слободата на изразувањето- просечната оценка е 2,1, извинете по најавеното донесување на законот за медиуми, таа бројка ќе биде преоптимистичка. Владата ги прави сите напори за воведување, практикување на регионалните и меѓународните инструменти за слободата на изразувањето, просечна оценка 1,1. Мисам дека е повисока за 0,1 од реалната. Започнувањето и практикувањето на новинарската професија по закон е слободна, добило оценка 4, 7. Се плашам дека новата регулатива оваа просечна оцена ќе ја намали.“

Величковски вели дека се противи на донесување на закон за медиуми.

Во истражувањето како позитивни настани меѓу другите се нотирани: Зајакнато професионално асоцирање и синдикално здружување, зголемување на свеста за состојбата на медиумите и новинарската професија, Голем број на онлајн портали и е- весници, тоа што голем број на новинари му пркосат на режимот, кај граѓаните расте свеста за медиумскиот мрак.

Како негативни пак се набројуваат: непостоење медиумски пазар, ширење на говорот на омраза, затворање на медиуми, тоа што владата контролира 90 отсто од медиумите, лош јавен сервис, коруптивни медиуми без интегритет и уште голем број други негативности.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG