Достапни линкови

Нападите со беспилотни летала, воени злосторства


Амнести интернешнал соопшти дека некои од американските напади со беспилотни летала во Пакистан можат да се сметаат за воени злосторства. Во извештајот објавен денеска се наведува дека Вашингтон вршел незаконски убивања со беспилотни летала во северозападниот дел на Пакистан, во близина на границата со Авганистан. „Оваа програма всушност и дава на американската администрација дозвола за убивање без да ги почитува основните стандарди на меѓународното право“, вели еден од вклучените во истражувањето Мустафа Кадри. Портпаролот на Амнести интернешнал Олоф Бломквист изјави дека биле испитани 45 такви напади и во некои од нив е утврдено дека биле убиени цивили кои немале врска со вооружени талибански групи.
XS
SM
MD
LG