Достапни линкови

Обама разговарал со Оланд за прислушкувањето


Американскиот претседател Барак Обама му телефонирал на својот француски колега Франсоа Оланд, за да разговараат за извештаите на француските медиуми дека американска разузнавачка организација прислушкувала милиони телефонски разговори на француски граѓани. Според вчерашното соопштение на Белата Куќа, Обама му рекол на Оланд дека некои од информациите биле „искривени“. Тој исто така истакнал дека САД ги преиспитуваат своите разузнавачки практики.
Претходно вчера, француската влада го повика американскиот амбасадор во Париз да ја осуди наводната шпионажа како целосно неприфатлива.
Според написот во „Л Монд“, кој се повикува на информациите од поранешниот соработник на разузнавачките служби Едвард Сноуден, американската Национална безбедносна агенција прислушувала повеќе од 70 милиони телефонски повици и мејлови во период од 30 дена.
XS
SM
MD
LG