Достапни линкови

logo-print

Шефот на мисијата за Сирија пристигна во Дамаск


Организацијата за забрана на хемиското оружје поддржана од ОН, соопшти дека Сигрид Каг, шефот на мисијата за уништување на сириското хемиско оружје пристигнала во Дамаск. Во соопштението се вели дека Каг за време на викендот престојувала во Хаг на средба со генералниот директор на организацијата Ахмет Узумчу, чие седиште се наоѓа во овој град.
Каг, која е Холанѓанка, во минатата недела беше наименувана за шеф на мисијата во Сирија. Нејзината организација и ОН во моментов имаат околу 60 експерти кои работат во Сирија на отстранување на хемиското оружје во оваа земја.
XS
SM
MD
LG