Достапни линкови

logo-print

Буџетските проблеми во САД влијаат врз армиската обука


Генерал Реј Одиерно

Генерал Реј Одиерно

Американскиот генерал Реј Одиерно, началник на главниот штаб на армијата, изјави дека буџетските кратења и фискалната несигурност во Америка довеле до остри редукции во армиската обука. На конференција на американската армија, Одиерно вчера истакна дека во моментов само две бригади се целосно обучени и подготвени за борба. Ние моравме да ја прекинеме обуката, во основа, во последните 6 месеци од фискалната година, рече Одиерно.
Американската армија има 570 илјади униформирани припадници, а според планот на секретарот за одбрана Чак Хејгел, тој број може да биде намален на 420 илјади.
XS
SM
MD
LG