Достапни линкови

По Иванов, и Јанкулоска во Кина


Министерката за внатрешни работи на РМ Гордана Јанкулоска од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Народна Република Кина. Според програмата, предвидено е денеска во Пекинг таа да се сретне со Гуо Шенгкун, државен советник и министер за јавна безбедност на Кина. Утре, пак, е предвидена посета на Специјалната Полициска Академија за оружени полициски сили на Кина. В четврток министерката Јанкулоска ќе има работен состанок со директорот и поважни функционери на Бирото за Јавна Безбедност на Шангај.
Инаку, од вчера во посета на Кина се наоѓа и претседателот на РМ Ѓорге Иванов, кој за време на престојот се сретнa со својот кинески колега Џинпинг Си.
XS
SM
MD
LG