Достапни линкови

ЕУ бара Русија да го прекине притисокот врз соседите


Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Луксембург ја предупредија Русија да го запре притисокот врз земјите кои сакаат поблиски односи со Унијата. Брисел се надева дека на самитот на 28 и 29 ноември ќе потпише спогодби за поблиска соработка со Украина, Молдавија и Грузија. Меѓутоа, Москва и порача на Украина дека намалувањето на цената на гасот ќе биде возможно само доколку таа не ја потпише спогодбата со Унијата. Во минатиот месец Русија забрани увоз на молдавско вино, бидејќи наводно не ги исполнувало потребните стандарди за квалитет.
XS
SM
MD
LG