Достапни линкови

Убиен еден од командантите на сириските бунтовници


Во денешните борби со владините сили во Сирија бил убиен еден од главните команданти на сириските бунтовници Јасер ал Абуд. Тој уште во почетокот на револтот дезертирал од сирискиот режим и им се приклучил на бунтовниците. Во меѓувреме, шефовите на дипломатиите на Европската унија ја повикаа сириската опозиција да не го одбива своето учество на меѓународната конференција во Женева за воспоставување мир во Сирија што е предвидена за 23 идниот месец. Сириската опозиција најави дека во почетокот на ноември ќе разгледа дали да учествува на тој собир.
XS
SM
MD
LG