Достапни линкови

logo-print

Толоконикова префрлена во друг затвор


Надежда Толоконикова

Надежда Толоконикова

Затворената членка на групата „Пуси рајот“ Надежда Толоконикова денеска била префлена во друг затвор, соопшти руската агенција за поправни установи, без да прецизира каде. Таа една недела штрајкуваше со глад во протест поради лошите услови и смртните закани кои ги добивала во затворот во руската република Мордовија. Толоконикова е осудена на две години затвор за протестот против претседателот Владимир Путин во една московска катедрала во 2012 година.
XS
SM
MD
LG