Достапни линкови

logo-print

Најверојатно жена го извршила нападот во Волгоград


Волгоград, 21.10.2013.

Волгоград, 21.10.2013.

Руските власти денеска покренаа истрага за тероризам, по експлозијата во еден автобус во Волгоград при што загинале шест луѓе, меѓу нив и напаѓачот. Во експлозијата имало и голем број ранети, повеќето од нив во тешка здравствена состојба. Според дел од руските медиуми кои се повикауваат на истражните органи, нападот најверојатно го извела жена самоубиец. Се прецизира дека таа неодамна ја прифатила исламската вера и се омажила за еден лидер на исламските бунтовници. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG