Достапни линкови

Груевски до јавниот сектор: работете чесно


„Не подлегнувајте на притисоци од кого било за нечесно, неетичко или незаконско работење. Кој сака нека ве притиска или заплашува, држете се до законот и моралните вредности“. Ова денеска им го порача премиерот Никола Груевски на раководните лица од сферата на државната и јавната администирација, кои присуствуваа на промоцијата на концептот Менаџмент етика. Повикувајќи да бидат на правата страна, тој додаде: „Независно дали притисокот ви го врши моќен бизнисмен, политичар, или било кој, не попуштајте, работете професионално, и соодветно постапете со пријава согласно законите ако сте предмет на притисок, мобинг или закана“.
XS
SM
MD
LG