Достапни линкови

Државниот чадор не ги собира сите невработени


На трите последни поголеми конкурси за вработување во јавна администрација за едно место конкурирале по 10,20, 50, па и по 100 кандидати. Бројките покажуваат дека или е премногу тешко да се најде работа или сите невработени сакаат да се вдомат на државни јасли.

За едно работно место конкурираат по 10,20, 50, па и по 100 кандидати, а министерот за образование Спиро Ристовски, пред околу половина година, тогаш како министер за труд и социјална политика, изјави дека во Македонија не е тешко да се најде работа, туку граѓаните пребираат.
Бараат работа во јавната администрација или во државниот сектор токму поради тоа што не може да најдат работа во приватниот сектор, а и поради тоа што работничките права во приватниот сектор се многу, многу поподложни на кршење.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера соопшти дека на конкурсот за прием на 400 полицајци се пријавиле 5.500 луѓе, кои според условите на конкурсот треба да се помлади од 25 години, односно за едно работно место конкурираат по 14 вработени. Според Државниот завод за статистика, во Македонија има 49.880 невработени на возраст од 15 до 24 години. Тоа, со мали отстапувања, значи дека секој десетти невработен помлад од 25 години се пријавил на огласот за полицаец.
На конкурсот за прием на 400 полицајци се пријавиле 5.500 луѓе.

На конкурсот за прием на 400 полицајци се пријавиле 5.500 луѓе.


На неодамнешниот оглас за прием на 1.600 вработени во Македонски шуми, пак, беа пријавени 23.700 луѓе, односно по 15 души за едно работно место. Ако се има предвид дека според Агенцијата за вработување, во Македонија активно бараат работа 91.293 невработени, значи дека на истиот конкурс се пријавил секој четврти човек што бара работа.

На конкурсот за амбасадори и раководни функции што летоска го распиша владата, за 19 амбасадорски и три конзулски места се пријавиле 700 луѓе, односно по 32 за едно работно место. За амбасадор во Белград конкурирале дури 110 луѓе. Околу 400 луѓе се пријавиле за шесте позиции за советник на премиерот, односно секој советник се бира меѓу 67 кандидати.

Бројките покажуваат дека или е премногу тешко да се најде работа, со оглед на тоа што за секое работно место конкурираат по повеќе од десет кандидати, или сите невработени сакаат да се вдомат на државни јасли.

Артан Садику од Левичарското движење Солидарност вели дека бројките покажуваат дали нема работа или луѓето не сакаат да работат. Големата невработеност и лошата состојба во приватниот сектор ги тераат луѓето да го гледаат спасот во администрацијата, вели тој.

„Бараат работа во јавната администрација или во државниот сектор токму поради тоа што не може да најдат работа во приватниот сектор, а и поради тоа што работничките права во приватниот сектор се многу, многу поподложни на кршење и на непочитување, отколку на оние во јавниот сектор“, вели Садику.

Во меѓувреме, владата распиша конкурс за прием на 141 државни службеници, во, според многумина аналитичари, и онака преобемната администрација.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG