Достапни линкови

Загриженост и згрозеност по пресудата за Кежаровски


Пресудата ќе има сериозни последици за слободата на изразувањето и слободата на медиумите, вели специјалниот претставник за медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ.

Специјалниот претставник за медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ изрази голема загриженост од денешната пресуда на 4,5 години затвор за новинарот Томислав Кежаровски.
Јас сум ужасната од денешната пресуда, оваа претерана пресуда е загрижувачки развој на настаните и испраќа јасна порака за цензура до останатите новинари во земјата.
„Јас сум ужасната од денешната пресуда, оваа претерана пресуда е загрижувачки развој на настаните и испраќа јасна порака за цензура до останатите новинари во земјата“, се вели во писмената изјава на Мијатовиќ.

Таа смета дека пресудата ќе има сериозни последици за слободата на изразувањето и слободата на медиумите.

„Обвинувањата против новинарот за неговите новинарски активности ги прекршува фундаменталните човекови права и слободата на Дуња Мијатовиќ.

Дуња Мијатовиќ.

изразување, како и заложбите на земјите-членки на ОБСЕ за развивање и заштита на слободните медиуми“, изјави Мијатовиќ.
Судиите очигледно му подлегнале на сериозниот притисок и влијание од центрите на моќ.

Скандалозна одлука

Пресудата за новинарот Томислав Кежаровски е скандалозна, со ништо непоткрепена и без преседан во европското правосудство, поради што претставува само уште една шајка во ковчегот на веќе погребаната слобода на изразување во Република Македонија, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски.

„Судиите очигледно му подлегнале на сериозниот притисок и влијание од центрите на моќ, па не ги зеле предвид фактите туку само го препишале обвинителниот акт во пресудата дека Кежаровски сторил кривично дело оддавање идентитет на загрозен сведок. За ова сведочи и казната од четири години и шест месеци затвор за новинарот, што за вакво кривично дело е драстична санкција незабележана во европското правосудство“, стои во соопштението.
Аргументот дека тој е приведен, сега осуден за кривично дело, а не за новинарски ангажман, едноставно не држи.

За претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, пресудата за Кежаровски е пресуда за целата новинарска фела. Таа нагласува дека казната за Кежаровски, која е поголема и од таа за првообвинетиот и втора по должина изречена за целиот случај, не може поинаку да се доживее освен како отсликување на односот на судската власт кон правото на новинарот да го брани јавниот интерес.

„Затоа што да не заборавиме, се што направи Кежаровски е што ја откри злоупотребата на институтот заштитен сведок во два свои текста. Аргументот дека тој е приведен, сега осуден за кривично дело, а не за новинарски ангажман, едноставно не држи, затоа што неговото дело се само два новинарски текста. На тоа се базира и обвинението, на тоа се базира и целиот случај против него.“
Ваквото заплашување нема да успее затоа што секој добар новинар во Македонија би го направил тоа што го направи Кежаровски. Сите ние сме Кежаровски.
Удар врз медиумите

Кежаровски е осуден на четири години и шест месеци затвор, поради објавувањето на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.

Претседателот на здружението на Новинари Насер Селмани смета дека ова е удар врз слободата на медиумите.

„Судот место да го заштити јавниот интерес, застана на страната на злоупотребата, која после оваа пресуда доби и судска заштита. Пораката е многу застрашувачка, секој новинар што во иднина ќе открие злоупотреба на власта, ќе заврши во затвор. Ваквото заплашување нема да успее затоа што секој добар новинар во Македонија би го направил тоа што го направи Кежаровски. Сите ние сме Кежаровски“, вели претседателот на здружението на новинари Насер Селмани.

Селмани вели дека следниот чекор ќе биде обжалување на пресудата пред Апелација.

„Јас сум разочаран што македонското судство и покрај дебатата што ја имаме во изминатите две години дека нашите судови треба да се водат по судската пракса од Стразбур, покажуваат дека тотално ги игнорираат, се поставува прашањето за кого министерството за правда ги преведуваше тие пресуди од Европскиот суд.“

Македонската асоцијација на новинари во писмената реакција наведе дека пресудата е неочекувано строга во однос на другите.

Македонскиот институт за медиуми смета дека ова е голем удар врз правото на новинарите да истражуваат и дека со вакви казни самоцензурата и натаму ќе расте. Во писмената реакција е наведено дека се шокирани од пресудата и дека се надеваат оти повисоките судови ќе ја преиначат пресудата и ќе го ослободат новинарот.

Европска федерација на новинари денеска ја осуди пресудата на судот за новинарот Томислав Кежаровски на 4,5 години казна затвор.

„Одлуката и нејзината брутална имплементација се крајно неприфатливи и ужасни“ изјави генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез. Во писмената изјавата објавена на официјаната страна на Федерацијата се вели дека „ Кежаровски не стори ништо лошо освен што си ја извршуваше својата улога како новинар во интерес на јавноста.“

Тие бараат веднаш да се поднесе жалба на пресудата која е донесена против европските стандарди за слобода на изразување. Гутиерез вели дека на новинарите треба да им биде дозволено да истражуваат ослободени од заканата за затвор и без да бидат принудувани да ги откриваат своите извори.

Судот ги прогласи за виновни обвинетите од судскиот случај Ликвидација. Осумтемина осудени добија затворски казни од една од пет години. Новинарот и уште тројца обвинети остануваат во притвор, а четворица обвинети до правосилноста на пресудата се ослободени од притвор.

Чаусидис вели дека тоа што особено погодува е фактот дека се игнорираа барањата на меѓународните и домашните новинарски организации тој да се брани од слобода.

„Фактот што не му е дозволено како на другите да ја чека правосилноста на пресудата од слобода е показател на односот и статусот што го имаат во таа земја“, вели Чаусидис.

Дали е ова одмазда?

Адвокатот на петтообвинетиот Ивица Евремов, кој што е осуден на вкупна казна од 4,5 години затвор за три дела, Андреја Радиновски, смета дека тука има дилема дали со овој случај им се судело на поединци или на правниот систем. Тој вели дека од следењето на целиот случај, добил впечаток дека има само една причина зошто е целата оваа хајка за Кежаровски.
„Убеден е Господинот Кежаровски дека сето ова е заради копањето по доказите за смртта на Никола Младенов“, рече тој.

Во случајот Ликвидација, првообвинетитиот Иле Танев кој што се води како организатор на групата доби казна затвор од вкупно 2 години и 6 месеци за двете дела за кои се товареше. Второобвинетиот Сабедин Џими Хафа е осуден на 1,5 години затвор и укината е мерката притвор. Велешкиот судија Валентин Зафиров доби казна од 5,5 години затвор. Останатите обвинети Борис Николовски, Сашо Казаров и Јане Павловски добија затворска казна од една до 1,5 години.

Во меѓувреме, додека во основниот суд Скопје 1 се објавуваше пресудата за случајот „Ликвидација“ во исто време во Апелациониот суд во Скопје се одржа расправа за жалбите по пресудата во случајот „Ореше“. Обвинителството бараше да биде укината последната ослободителна пресуда за осомничените од Ореше.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG