Достапни линкови

Ликвидација го стави Кежаровски четири ипол години затвор


Обвинетите во случајот Ликвидација добија казна затвор од 1 до 5 години. Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на казна затвор од четири ипол години, одлучи основниот суд Скопје 1.

Новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во случајот Ликвидација е осуден на казна затвор од четири ипол години, одлучи денеска основниот суд Скопје 1. Судиите Дијана Греувска Илиевска и Ѓоко Ристов на останатите седуммина обвинети во случајот „Ликвидација“, меѓу кои има судии, адвокати и обвинители им изрекоа казна затвор од 1 до 5 години.
И претходниот пат кога барав укинување на мерката притвор и тогаш и сега ви ветувам дека нема да бегам, не можам повеќе да ги издржам условите во притворот, а вие како сакате.

Кежаровски ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата. Тој е осуден на минимална казна поради неовластено објавување на идентитет на заштитен сведок во случајот „Ореше“, во текст напишан во списанието „Репортер 92“. Во судската постапка одбраната неколку пати укажуваше дека не треба да се гони Кежаровски за текст напишан во 2008 година затоа што сведокот статусот го добил две години подоцна.
Протест на новинарит против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, јули 2013.

Протест на новинарит против продолжувањето на притворот на Томислав Кежаровски, јули 2013.


Кежаровски од судиите побара да биде ослободен од мерката притвор до правосилност на пресудата и вети дека нема да бега.

„И претходниот пат кога барав укинување на мерката притвор и тогаш и сега ви ветувам дека нема да бегам, не можам повеќе да ги издржам условите во притворот, а вие како сакате“, рече Кежаровски.
Убеден е Господинот Кежаровски дека сето ова е заради копањето по доказите за смртта на Никола Младенов.

Адвокатот на петообвинетиот Ивица Ефремов кој што е осуден на вкупна казна од 4,5 години затвор за три дела, Андреја Радиновски смета дека тука има дилема дали со овој случај им се судело на поединци или на правниот систем. Тој вели дека од следењето на целиот случај, добил впечаток дека има само една причина зошто е целата оваа хајка за Кежаровски.

„Убеден е Господинот Кежаровски дека сето ова е заради копањето по доказите за смртта на Никола Младенов.“

Што се однесува до човекот кој тој го застапуваше обвинителот Ивица Ефремов, адвокатот вели дека со овој случај се вовеле новини во македонското правосудство, односно прекршок преминува во кривично дело.

„Огорчен сум пред се поради оружјето и непроменетиот став, бидејќи оштетениот, обвинетиот итн., се бореше да пронајде документи, а МВР цело време ги имало документите на кого е оружјето“, рече Радиновски.

Во случајот Ликвидација, првообвинетитиот Иле Танев кој што се води како организатор на групата доби казна затвор од вкупно 2 години и 6 месеци за двете дела за кои се товареше. Второобвинетиот Сабедин Џими Хафа е одуден на една ипол година затвор и укината е мерката притвор. Велешкиот судија Валентин Зафиров доби казна од пет ипол години затвор. Останатите обвинети Борис Николовски, Сашо Казаров и Јане Павловски добија затворска казна од една до една ипол година.

Во меѓувреме, додека траеше читањето на пресудата за обвинетите од случајот Ликвидација, во Апелациониот суд за денеска е закажана отворена седница за слујачот Ореше. Обвинителството бара да биде укината последната ослободителна пресуда за осомничените во Ореше, и случајот или да биде вратен во судска постапка или пак да се стави во сила, претходната пресуда.

Судскиот процес за овој случај траеше два месеца. Тие беа обвинетите за примање поткуп, злоупотреба на службена положба, неовластено оддавање информации и податоци за заштитен сведок. Случајот привлече и меѓународно внимание поради новинарот Кежаровски, загриженост за неговиот притвор изразија многу странски организации.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG