Достапни линкови

logo-print

Русија ќе ја зајакнува контролата на интернетот



Руската федерална служба за безбедност планира да ја зајакне контролата врз интернетот, јавува весникот Комерсант. Имено, се подготвувал нацрт декрет, според кој, сите интернет провајдери ќе мора да инсталираат специјални направи на нивните сервери, кои ќе ги зачувуваат сите податоци за интернет комуникацијата, а до кои Федералната служба за безбедност ќе има директен пристап. Некои од руските провајдери оценија дека со таков декрет ќе биде прекршен Уставот и законите со кои се гарантира приватноста на граѓаните.
XS
SM
MD
LG