Достапни линкови

Дали Кежаровски е осуден заради истрагата за смртта на Младенов?


Мојот клиент доби затворска казна за прекршок, а не за кривично дело, изјави адвокатот на осудениот велешки обвинител Ивица Ефремов, Андреја Радиновски, кој единствен даде изјава по изрекувањето на пресудите. Тој рече дека новинарот Томислав Кежаровски смета дека е осуден поради истражувањето на смртта на сопственикот на Фокус Никола Младенов. Кежаровски денеска беше осуден на 4,5 години затвор за откривање на идентитетот на заштитен сведок во во случајот Ликвидација. Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казни затвор од 1 до 5 години.

XS
SM
MD
LG