Достапни линкови

Франција бара објаснување од САД за прислушкувањето


Илустрација

Илустрација

Француското министерство за надворешни работи го повикало американскиот амбасадор во Франција да даде објаснување во врска со написот во весникот Монд, во кој е наведено дека американската Агенција за национална безбедност следела на 70 милиони телефонски разговори во Франција. Монд, користејки ги информациите од Едвард Сноуден, објави дека меѓу декември 2012-та и јануари 2013-та, американската агенција автоматски ги следела комуникациите на одредени телефонски броеви во Франција, при што, не станувало збор само за осомничени терористи, туку и за бизнис лидери и политичари. Претходно и германски Шпигел објави дека биле следени комуникациите на претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон.
XS
SM
MD
LG