Достапни линкови

Шефовите на дипломатиите на ЕУ на состанок во Луксембург


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешниот состанок во Луксембург ќе разговараат за наредниот самит на Унијата, на кој главна тема ќе биде источното партнерство. Во центарот на вниманието е Украина, која настојува да потпише договор за асоцијација и за слободна трговија. Еден од условите за реализација на таа намера е и случајот Јулија Тимошенко, која е осудена на 7 години затвор, за кој западот смета дека е политички мотивиран. За таа цел денеска во Киев пристигнува делегација на мониторинг мисијата на Европскиот Парламент, предводена од поранешниот полски претседател Александар Квашњевски.
XS
SM
MD
LG