Достапни линкови

Медведев ја почнува посетата на Кина


Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска ја започнува официјалната три-дневна посета на Пекинг. Разговорите со неговите домаќини ќе бидат фокусирани врз трговијата и економската соработка. Трговската размена меѓу Кина и Русија во минатата година достигнала вредност од околу 50 милијарди долари, а Москва и Пекинг сакаат да ја удвојат до 2015-та, а до 2020-та да достигне 200 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG