Достапни линкови

Во Митровица нападнато семејството на 15-годишна Ромка


Непознати лица во Косовска Митовица го нападнале семејството на 15-годишната Леонарда Дибрани, кое по протерувањето од Франција, од 9 октомври живее во овој град на северот од Косово. Официјални претставници соопштија дека нападот изгледа бил предизвикан поради приватна караница. Семејството Дибрани шетале низ Митровица со децата, кога биле нападнати од непознати лица.Мајката на девојчето е со полесни повреди и е однесена во болница.Полицијата соопшти дека четири лица се приведени и оти во тек е истрага за инцидентот.Протерувањето на Леонарда и нејзиното семејство од Франција предизвика жестока реакција во француската јавност, особено што 15-годишното девојче беше приведено од полицијата пред нејзините соученици.Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека девојчето може да се врати во Франција, но без нејзиното семејство.Леонарда ја одби оваа понуда.
XS
SM
MD
LG