Достапни линкови

Нетанјаху бара поголем притисок врз Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бара да се изврши поголем меѓународен притисок врз Иран поради контроверзната иранска нуклеарна програма.Нетанјаху ова го кажа по вчерашната средба во неговиот кабиент.Тој оцени дека со зголемување на притисокот треба се зголемат шансите Иран да се откаже од својата нуклеарна програма.Техеран тврди дека оваа програам има мирољубиви цели. До коментарот на Нетанјаху доаѓа откако американски официјални претставници дискутираа за можноста од олеснување на санкциите врз Иран.Американски официјални претставници изјавија дека Вашингтон ќе оди чекор по чекор во пристапот како одговор на конкретните активнсоти на владата на претседателот Хасан Рохни.
XS
SM
MD
LG