Достапни линкови

Три лица загинале во напад на црква во Египет


Три лица загинале, а десет се ранети синоќа кога вооружени лица отвориле оган врз група луѓе во христијанска црква во Каиро. Меѓу жртвите има осум годишно девојче. Нападот се случил за време на венчавка.Копските Христиајни сочинуваат меѓу 6 и 10 проценти од египетстката популација. Во извешајот објавен овој месец организацијата за човекови права Амнести Интернејшанал ги критикуваше безбедносните сили што не успеваат да ги спречат одмаздничките напади против Христијаните, што почнаа од почетокот на јули кога беше соборен исламистичкиот претседател Мухамед Морси.
XS
SM
MD
LG