Достапни линкови

Десетици убиени во бранот самоубиствени напади во Ирак


Во повеќе од девет самоубиствени напади биле убиени и повредени десетици луѓе низ повеќе градови во Ирак.Најфаталниот напад се случил во шиитска област во јужен Багдад каде бомба експлодирала во кафе ресторан. Во овој напад загинале повеќе од 30 лица, а 50 биле повредени. Осум напади на бомбаши самоубијци имало во градот Рава, во блзина на гарницата со Сирија. Во овие напади биле убиени осум луѓе, а 29 повредени, меѓу кои тројца се полициски офицери. Во насилствата овој месец во Ирак загинаа повеќе од 480 лица, а вкупно 5200 се убиени оваа година.
XS
SM
MD
LG